04 Мај, 2024
0.0278

Странска инвестиција ќе произведува кафе во еколошки спорни капсули

Објавено во: Економија 27 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Странска инвестиција која произведува кафе во капсули ќе го гради својот погон во Куманово, а доаѓа по договор со Агенцијата за странски иневстиции.

Компанијата „Кафе ди Артисан“ произведува со патентиран метод на изработка, но капсулите се на удар на еколошката јавност бидејќи не може да се рециклираат.

Германскиот град Хамбург беше првиот кој воведе забрана за кафе во капсули. Одлуката е донесена по кампањите на екологистите од целиот свет против системот на кафе во капсула, во кои се тврди дека загадувањето со нив ги надминува сите норми и не може да се оправда со лесното и брзо користење. Меѓу нивните аргументи беше пресметката дека отфрлените капсули за една година можат да го покријат Екваторот за повеќе од 12 пати.

Капсулите тежат 3 грама, нивната содржина вообичаено шест. Најчесто тие се направени од пластика и алуминиум.

Со вкупно планирана инвестиција од 3 милиони евра проектот на компанијата ќе се реализира во три фази и фабриката ќе вработи околу 100 лица до крајот на третата фаза.

„Kако дел од нaшите планови за развој истражувавме неколку дестинации за инвестирање во регионот, но ја избравме Македонија како најдобра локација за нашето производство првенствено поради висококвалификуваната работна сила, одличното познавање на англискиот јазик, како и одличните услови за почнување и водење бизнис. Високопрофесионалната поддршка, советите и консалтингот што ги добивме од страна на тимовите на ‘Инвест Македонија’ и ‘Магнум консалтинг лимитед’ значително го олеснија целиот процес до финалната одлука за инвестирање“, изјави сопственикот на компанијата, Шанкар Шарма.

Компанијата започнала со работа во 2016 година со отворање на првата фабрика во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а подоцна во 2017 ги лансирала своите производи во Велика Британија и САД во 2018 година. Производите на компанијата се продаваат во САД, Европа, Средниот Исток и во Јужна Азија.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?