08 Мај, 2024
0.0248

СТРАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВААТ САМО ДВА ДЕНА – расте бројот на туристи, но како до подолг престој?!

Објавено во: Економија 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Два дена е просечниот престој на странските туристи во Македонија. И покрај растот на бројот на туристи кои ја посетуваат земјава, нивниот престој и понатаму е краток. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека странските туристи во земјава во просек остануваат само два дена.

Бројките говорат дека бројот на туристи кои доаѓаат од странство е скоро дуплиран, па така бројките кои ги објави статистика во нивната анализа „Животна средина“ покажуваат дека од 399.680 странски гости во 2013 година, во текот на 2022 година земјава ја посетиле 537.436 гости. Според податоците на Агенцијата за туризам, лани посетите биле уште поголеми.

Сепак, просечниот број на денови кои странците го одвојуваат за посета на нашата земја е само два дена.

Состојбите не се подобри ниту кај домашните гости. И овде има раст на бројот на посетители, односно на туристи, но не расте бројот на денови кои граѓаните ги одвојуваат за посета на некои од нашите туристички дестинации.

Податоците покажуваат дека во 2013 година бројот на домашни туристи изнесувал 302.114, додека веќе во 2022 година тој број се зголемил на 431.841 лице. Но, анализата на ДЗС покажува дека од некогашните четири до пет дена престој, нашите сограѓани ги намалиле деновите кои ги одвојуваат за посета на некоја дестинација во земајва и сега во просек поминуваат малку помалку од четири дена низ некоја од нашите дестинации.

Добра вест во нашата ситуација е што сепак, и покрај ковид кризата, која беше силен удар за туристичкиот сектор, тој полека но сигурно расте.

Согласно последните податоци кои ги објави Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, туристичката индустрија изминатата година ја заокружи со раст во поглед на бројот на странски туристи, ноќевања и девизен прилив. Македонскиот туристички сектор до крајот на 2023та година ќе ја постигне целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 550 милиони долари туристички промет.

Во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 20,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,3 проценти, а кај странските има зголемување за 37,6 отсто. Во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,8 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,1 процент, а кај странските има зголемување за 23 отсто – објавија од Агенцијата за туризам.

Новата директорка на оваа институција посочува дека токму овој сектор има големи потенцијал и дека може да донесе голем бенефит за државата.

- Туристичкиот сектор според мене може да биде една од алатките за брзо закрепнување на македонската економија, но потребни се многу вложувања. Со сериозен импакт и вклученост на стејхолдерите во градење на одржливи форми на туризам и конкурентна туристичка понуда. Значењето на туристичката индустрија како стопанска област и туризмот како доходовна гранка влијае брз економскиот раст со учество од 4 отсто и туристички промет од 471,59 милиони долари во БДП-то за трите квартали од  2023 или раст од 25 проценти компарирано со периодот од изминатата година – кажа неодмана Јасмина Лескаровска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување