16 Мај, 2024
0.0272

Стотици килограми кокаин откриени во дипломатска пошта

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Околу 400 килограми кокаин биле откриени во дипломатска пошта, која од руската амбасада во Аргентина била испраќана кон Русија. Најмалку шест лица се уапсени во заедничката операција на аргентинската и руската полиција. Тие се товарат за обид за шверцување на дрогата вредна 50 милиони евра, пренесува РТ.

Операцијата почнала уште во декември 2016 година, кога рускиот амбасадор во Аргентина Виктор Коронели лично ја алармирал аргентинската министерка за безбедност Патриција Булрич, за сомнителни пакети откриени во училишниот анекс на дипломтската мисија во Буенос Аирес. Откако било потврдено дека во торбите имало висококвалитетен кокаин, вработените во амбасадата, помогнати од аргентински агенти, ја замениле дрогата со обично брашно, а во торбите поставиле ГПС-уреди за следење. 

Кога пратката конечно стигнала во Москва преку дипломатската пошта, руското МВР уапсило три лица, а полицијата во Аргентина привела уште тројца членови на шверцерската банда. Според Булрич, дрогата била од колумбиско потекло со Европа како крајна дестинација, а нејзината вредност се проценува над 50 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?