18 Мај, 2024
0.0311

Стоте најбогати луѓе во светот се збогатиле за уште 200 милијарди долари за една година

Објавено во: Стил 05 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Стоте најбогати луѓе во светот поседуваат супермаркети , луксузни брендови , нафтени рафинерии и цементни фабрики . Тие се на различна возраст, од 29 -годишниот Марк Цукерберг до 93 -годишниот Карл Албрехт . Оваа разновидна група има сепак една заедничка карактеристика - повеќето од нив ја имаат поминато последната година во правење пари . Општата состојба е зголемена за 200 милијарди до 2,1 трилиони долари, откако Bloomberg го објави првиот индекс на милијардери во декември 2012 година. Коосновачот на Facebook Inc . Марк Цукерберг не само што е најмладиот милијардер, но е и човекот кој го зголеми најмногу богатството за последната година , според серискиот број на Bloomberg Markets , кој ќе биде објавен во декември . Статусот на Цукерберг е двојно зголемен до 24,5 милијарди долари во периодот 1 јануари - 30 септември . Ветеранот во технолошкиот сектор, Бил Гејтс, ја предводи листата на најбогатите луѓе во светот , откако од првото место се префрли Мексиканецот Карлос Слим. Состојбата на Гејтс бележи отскокнување со 10,2 милијарди долари до 72.9 милијарди долари . Богатството на Слим , кој ја контролира најголемата телекомуникациска компанија во Латинска Америка America Movil SAB , е намалено за 12.9% до 65.5 милијарди долари . Денис О'Брајан , основач на Digicel Group Ltd . се уште не успева да влезе меѓу 100- те најбогати луѓе во светот . Најбогатиот Ирец натрупа богатство од 5,4 милијарди од секторот на телекомунинациите , главно благодарение на доаѓањето на компанијата во Карибите. Коцкањето како бизнис се покажа добар залог за азиските милијардери . Филипинскиот пристанишен магнат Енреике Разон веќе се натпреварува со основачот на Galaxy Entertainment Group Ltd . Лиу Дека Ву , кој е трет најбогат човек во Хонгконг. Разон го отвори Solaire Resort & Casino во март . Браќата Ј Б и Тони Прицкер , кои добија најмалку 2,7 милијарди долари по поделбата на богатството на нивната семејна империја , се занимаваат со инвестиции. Некои од повеќе од 80 -те скриени милијардери кои се откриени од Bloomberg News во 2013 година , исто така, се роднини . Браќата Серџо и Пјер Луиџи Лоро Пијано , кои ја предводат компанијата Loro Piana SpA , исто така, веќе се меѓу милијардерите , откако во јули постигнаа согласност за продажба на 80% од нивната компанија на LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SA , предводена од Бернар Арно - на 14 - тото место на листата на милијардери . Во исто време во Казахстан, Булат Утемуратов се обидува да го избегне угледот на земјата како сомнителна бизнис дестинација . Во своето прво обемно интервју за медиумите Утемуратов изјави за Bloomberg Markets дека никогаш не ги користел позициите во управувањето на државата , за да го стекне едно од најголемите богатства во Централна Азија . Не сите супербогаташи ја зголемија состојбата во изминатата година. Основачот на EBX Group Co . Аике Батиста пред извесно време беше најбогатиот Бразилец и беше под број 28 во рангирањето на Bloomberg минатата година. Тој не само што испадна од првите сто, но ја изгуби речиси целата состојба , откако неговите компании пропаднаа .