02 Мај, 2024
0.0247

Сторија за Британецот кој менувал работа секоја недела!

Објавено во: Стил 15 Март, 2013

Добивај вести на Viber

29-годишниот Британец, Мет Фрост решил да ја менува својата работа секоја недела во текот на една година, за да најде која е најдобрата работа за него. Така тој работел како земјоделец, ковач, новинар, па дури и како каскадер. Необичната идеја му светнала на поранешниот продавач, откако еден ден кутија со метални држачи му падна на главата. За време на болничкиот престој, Мет се запрашал дали навистина сака да го прави истото во текот на целиот свој живот, раскажува тој за „The Daily Mail“. „Јас работев во различни продавници од својата 17 -та година и одеднаш сфатив дека не сакам да му се насладувам на животот само навечер и за време на викендот", раскажува жителот на Англија. Сите пари што ги заработил оваа година, Фрост одлучил да ги подари на добротворна организација која им помага на младите луѓе. По првите 11 недели на работа тој дал направил донација од 2500 фунти. Еве што вели за своите искуства досега: Најмногу му се допаднало да работи како земјоделец и ковач. „Кога работев како ковач, цело време мислев како да создадам врати кои можат да издржат повеќе од сто години," вели Мет. Најмалку му се допаднала професијата каскадер, па затоа работел само 8 часа во кои бил "маван како боксерска вреќа", вели Мет.