28 Април, 2024
0.0259

Сторија за 19-годишниот милионер од Израел

Објавено во: Стил 22 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Кога има само 13 години, Томер Хен решава да започне со својот прв бизнис. „Сакав да сум независен и да не земам пари од своите родители", вели Хен за „The Media Line“. „Бев многу мал за да добијам работа некаде, па затоа почнав интернет бизнис. Прво продавав најразлични работи од својата соба преку „Ebay“, а потоа почнав да купувам маици на израелската армија. Наскоро работата се прошири повеќе отколку што очекував и на 14-годишна возраст заработував 200 долари месечно. "вели тој. Денес Хен има на 19 години и е милионер со три куќи - во Далас, во Тел Авив и во Нетана. Сепак тој живее заедно со родителите во двособен стан во Тел Авив, кој се наоѓа во близина на плажа. Да имаш пари е убаво, вели тој, но тврди дека неговиот живот личи како и на сите други тинејџери во Израел. „Имам пари и имам банкарска сметка која моите родители, кои се сметководители, ја управуваат", вели тој. „Јас сепак сум како сите други момшиња. Размислувам пред да потрошам пари, па понекогаш дури трошам и помалку од пријателите", додава Хен. Тој во моментов се занимава со мобилен маркетинг. Има околу 200 клиенти во целиот свет, вклучувајќи и од Саудиска Арабија, Кувајт, дури и од Иран. За секој од нив работи стратегија со која ги таргетира нивните реклами да стигнат до мобилните уреди на корисниците. „Погледнете наоколу. Насекаде можете да видите луѓе кои ги користат своите мобилни телефони за различни информации. Реков дека мора да има начин од тоа да се прават пари. " Хен е еден од првите во Израел, кој започнува да се занимава со мобилен маркетинг, што во моментов е светска индустрија тешка 4 милијарди долари. Денес тој раководи со „Mobile Marketing College“, каде се нуди обука за мобилен маркетинг. Цените се движат од 200 долари за еднократен шестчасовниот семинар, до 2 000 долари за  цела обука. Повеќето Израелци на возраста на Хен се во армијата. Тој е ослободен од воена служба поради здравствени причини, но се надева дека наскоро ќе се запише како волонтер во програма која е алтернатива на воената служба. Момчето вели дека работи меѓу два и осум часа на ден и го поминува своето слободно време на плажа или со пријателите. Хен тврди дека е само едно обично дете.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти