05 Мај, 2024
0.0261

Стопанска Банка а.д. Битола со нова збогатена содржина за своите клиенти

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Иновативноста, следењето на современите текови на банкарското работење и посветеноста кон задоволување на потребите на нашите клиенти, резултираа со понуда на Стопанск Банка а.д. Битола која заслужено го доби името „Концепт за секој ден„.


Банката, своето успешно работење со VISA картичките го збогатува со картичките на MASTER.  Воведени се MASTER дебитна и MASTER кредитна картичка, со исклучително конкурентни услови на пазарот. Дебитна MASTER картичка, е поврзана со вашата трансакциска сметка, и можете да ја користите во земјата и странство. Услов за реализација на кредитен лимит е најмалку 1 плата/пензија да помине преку трансакциска сметка во Банката. Со нашата MASTER дебитна картичка добивате кредитен лимит од5 месечни плати / пензии и дозволено пречекорување во висина од 3 месечни плати без провизија. Имате можност за подигање на готовина во висина од 2 месечни плати и враќање на рати без камата. Картичката ебез надомест за целиот период на користење. Каматната стапка е прилагодлива и изнесува 11,99%, а се наплаќа на делот од лимитот кој се користи на ПОС и АТМ, и на лимитот кој се користи на повеќе од 12 рати. Провизијата која ја плаќате за подигање на рати е 4,5% од износот на трансакцијата за подигање на готовина на 3 рати; 4,9% за подигање на готовина на 6 и 9 рати; 7,5% за подигање на готовина на 12 рати и 2% за подигање на готовина на повеќе од 12 рати.

Условите кои ги нуди нашата MASTER кредитна картичка оправдано ја позиционираат, како најконкурентна кредитна картичка. Со неа добивате кредитен лимит до 500.000,00 денари. Минимален месечен износ за плаќање е 1% месечно од искористената главница.  Каматната стапка е фиксна и изнесува 5,99% во првата година. Картичката е без чланарина во првата година, а обезбедувањето за клиенти на банката и вработени во ЈП, АД и фирми клиенти на банката е без жиранти.

Картичките нудат можност за безконтактно плаќање, само со доближување на картичката на ПОС терминал.

Од почетокот на месец ноември, Стопанска Банка а.д. Битола ја промовира својата нова веб страна, со која ја пронајдовме вистинската комбинација. Модерен дизајн, уникатен и практичен пристап. Сите потребни информации клиентите можат да ги добијат на брз и лесен начин.

Унапредено  е и нашето електронско банкарство. Нашата база на клиенти се зголемува преку бенефициите кои ги нуди оваа наша услуга, бидејќи клиентите, преку користењето на нашето електронско банкарство имаат чувство како да имаат своја лична експозитура. Преку BT Token, сите ваши банкарски трансакции можат да се завршат преку интернет.

Во соработка со Македонски телеком, ја воведовме и Mobipayуслугата. Станува збор за сосема нов начин на безготовинско плаќање овозможно преку вашиот мобилен телефон, и тоа директно од постпејд телефонска сметка, припејд Mobipay сметка или преку вашата банкарска сметка. Со користењето на оваа услуга, вашиот телефон станува виртуелен паричник , а вие добивате се што ви треба со уредот кој е секогаш со вас.

Ја продолжуваме традицијата.. Работиме да ги зацврстиме врските со нашите клиенти. Внимателно ги подобруваме услугите и производите кои ги нудиме. Мудро ги разгледуваме нивните барања и преку индивидуален пристап предлагаме решенија.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото