14 Мај, 2024
0.0298

Стопанска Банка а.д.Битола го одбележува Европскиот месец на сајбер безбедноста

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Стопанска Банка а.д.Битола го одбележува Европскиот месец на сајбер безбедноста -октомври (ECSM), приклучувајќи се на кампањата на Европската Унија која го промовира подигнувањето на свеста за сајбер безбедноста кај граѓаните и организациите и важноста на безбедноста на информациите. Банката превзема разни активности преку кои ги истакнува едноставните чекори што може да се преземат за да се заштитат податоците на клиентите, без разлика дали се лични, финансиски и / или професионални.

Со цел да се зголеми свесноста кај клиентите од можните закани кои произлегуваат од дигиталниот простор Стопанска Банка а.д. Битола денес организираше настан во експозитурата Систина во Скопје, каде се оддржаа кратки обуки и анкети со клиентите.

Сите заинтересирани добија памфлет со насоки како да останат безбедни онлајн и насоки за безбедно користење на електронските услуги на Банката.

Во прилог Ви го испраќаме памфлетот и во продолжение дел од општите совети како да останете безбедни онлајн:

1. Проверете ги линковите.

Не ги отворајте линковите или прилозите ако незнаете дека се безбедни.

Одете до веб-страница директно преку впишување на линкот во пребарувачот.

2. Ажурирајте го софтверот на најновата верзија.

Одржувајте ја вашата безбедност со конфигурирање и надградба на софтверот кога е потребно.

3. Поврзете се во мрежа безбедно.

Бидете внимателни што се пренесувате преку отворени и јавни безжични мрежи и особено ако сте деловен корисник употребете VPN софтвер кога се најавувате од јавна мрежа.

4. Бекапирање и криптирање на податоците.

Бидете сигурни дека сите податоци поврзани со бизнисот се криптирани со цел да се спречи неовластен пристап и кражба на податоци.

5. Чувајте ги личните податоци на сигурно.

Бидете внимателни каде ги чувате чувствителните или доверливите податоци. Ако ги складирате во облак, бидете сигурни дека сте запознаени со правилата и услови на давателот на услугата.

6. Заштитете ги мобилните уреди.

Исклучете го Bluetooth-от односно поставете го како "Неоткривачки".

7. Заштитете ги лозинките.

Креирајте лозинки кои тешко се погодуваат за секоја веб-страница чии услуги ги користите.

Можеби ќе ве интересира

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно