16 Мај, 2024
0.0254

СТЕМ Академија - прво Microsoft училиште во Македонија

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

СТЕМ Академија стана дел од реномираните училишта во светот кои ги имаат имплементирано Microsoft образовни методологии, програми, практики и технологија. Во прашање е пристап кон проблемите во образованието кои се препознатливи по иновациите кои ги користат при осмислување на наставата, учењето и оценувањето, како и развојот на вештини релевантни за учениците кои се подготвуваат за предизвиците на 21-виот век. Од СТЕМ Академија посочуваат дека воведување на Microsoft образовните методологии и програми за нивните ученици дошла како резултат на нивните напори за континуирано надградување на образовните капацитети и алатки потребни во процесот на едукација со цел учениците да стекнат вештини и знаења кои ќе им помогнат во понатамошната кариера.


 “Со признавањето на СТЕМ Академија како Microsoft училиште, се добива уште една институција која има иновативен пристап кон образованието кое ќе им отвори големи кариерни можности на учениците, но и ќе ги направи поконкурентни на пазарот на труд со стекнување на вештини неопходни за иднината. СТЕМ Академија е првото училиште во Македонија кое е член на заедницата на Microsoft училишта, па оттука ни претставува голема чест и задоволство што преку нашата соработка даваме придонес во креирање на услови за олеснување и збогатување на процесот на образование на децата. Исто така Microsoft училиштата добиваат дополнителни можности за соработка со други училишта ширум светот кои се дел од Microsoft заедницата. Во духот на продлабочување на нашата соработка е и поддршката од страна на Microsoft во однос на технологија, пристап до едукативни ресурси и практики со кои ќе се подобри едукацијата и пристапот до Microsoft програмите за учениците во СТЕМ Академија” - изјави г-дин Љупчо Георгиев, генерален директор на Microsoft Македонија.

СТЕМ вештините се повеќе добиваат на важност во образовните системи во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Со Microsoft програмите се зголемуваат професионалните можности за учење и усовршување на овие СТЕМ вештини.

“Станувањето дел од програмата ‘Microsoft School’ е извонредна можност за поврзување со над 1.000 училишта кои се лидери во образованието. Ги споделуваме нашите искуства со другите училишта ширум светот со што изнаоѓаме иновативни начини, преку примена на соодветни алатки, да ги подготвиме нашите ученици за постигнување успех во и надвор од училницата. Пристапот и комуникација со експертите за едукација на Microsoft иновации (MIE Experts) ни помагаат во иновативноста и континуираната обука на едукаторите на СТЕМ Академија, што е од големо значење за подобрување на процесот на едукација за нашите ученици. Исто така во соработка со Microsoft, сакам да ја истакнам и програмата Minecraft Education која планираме да ја воведеме од Декември. Minecraft е компјутерска игра која ги буди креативните вештини кај децата и го развива чувството на контрола над самите себе и над околината. Ова се постигнува преку процес на учење насочен кон изучување на корисни вештини како снаоѓање во нов простор, донесување причинско-последични заклучоци, манипулација со објекти и критичко мислење кое раѓа мотивација за учење”  - изјави г-дин Жарко Поп Илиев, извршен директор на СТЕМ Академија.

СТЕМ Академија е една од најреномираните едукативна организации која со години успешно ги гради СТЕМ вештините кај децата во Македонија. Од неодамна, СТЕМ Академија има нови простории со високо безбедносни стандарди за деца на нова локација во комплексот Парк Резиденс.

“Ни претставува задоволство што сме дел од успешната приказна на СТЕМ Aкадемија за унапредување на образованието на децата на современ и иновативен начин, кој ги подготвува за работните места на иднината. Со ова се истакнува нашата поддршка на образованието во Македонија. Оттука, како резултат на успешната соработка на СТЕМ Академија и Парк Резиденс би сакала да најавам  воведување наголем број на бенефити за клиентите на СТЕМ Академија при користење на капацитетите на Парк Резиденс“ - изјави г-ѓа Нина Шерифовска, извршен и продажен менаџер на Парк Резиденс.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“