Стејт департмент: Американците да внимаваат при патување во Европа - каде има закани?
Објавено во: Свет 02 Мај, 2017
Американскиот Стејт департмент пред летните одмори излезе со ново предупредување за патување во Европа.
Оттаму наведуваат дека американските граѓани би требало да бидат претпазливи поради заканите од терористики акти низ континентот.
Стејт департментот прецизира дека сегашното предупредување кое ќе важи до 1 септември не е поврзано со некаква специфична закана.
Како потенцијални закани се споменуваат трговски центри, хотели, ресторани, клубови, молитвени домови, паркови, аеродроми.
Во соопштението се спомнуваат последните инциденти во Франција, Русија, Шведска и Британија при што се додава дека милитантите на ИД и Ал Каеда се способни да испланираат и да извршат терористички напади во Европа. Претходното предупредување на Стејт департментот за Европа издадено пред зимските празници истече во февруари оваа година.