18 Мај, 2024
0.0298

Стажанти на Barclays биле толку изморени, што морале да прават „тоалет дремка“

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Една од најголемите вести на Волстрит во последно време е тоа што банките го намалија бројот на работни часови на помладите и неискусни вработени. Банките станаа предмет на критики поради долгите часови на работа , на кои ги подложуваат , откако 21-годишниот стажант во Bank of America, Мириц Ерхард, почина минатото лето . Според непотврдени информации, пред да почине, Ерхард работел неколку ноќи без одмор. Goldman Sachs , Bank of America , JPMorgan и Credit Suisse почнаа да ги доделуваат саботите за помладите вработени како викенди. Поранешни стажанти на Волстрит пак сведочеле за Wall Street Journal дека работеле над 100 часа неделно. Овие стажанти кои сакале да здивнат за малку во текот на денот , требало да манифестираат креативност. Некои од стажантите во Barclays споделиле пред WSJ дека дремат скришум во тоалетите во канцеларијата. Тие го нарекувале ова " тоалет дремка". Стажантите кои работеле во текот на летото во Barclays во Хонг Конг во 2011 година , откриваат дека исцрпени од долгите часови работа , се протнувале во тоалетите , ставале слушалки од своите смартфони и го дотерувале алармот , за да украдат неколку вредни минути спиење. Портпаролот на Barclays одби да коментира , но рече: "Ние постојано ја оценуваме нашата аналитичката програма , за да се осигураме дека таа нуди предизвикувачко и заслужено, но во исто време и избалансирано искуство".   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков