02 Мај, 2024
0.0246

Ставрески: Отписот на долговите ќе трае до октомври

Објавено во: Економија 09 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Еднократниот отпис на долговите за социјално ранливите категории граѓани, што како мерка го најави Владата, ќе заврши во октомври, најави министерот за финансии Зоран Ставрески. Тој денеска го образложи законското решение пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија. Барањата за отпис на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во центрите за социјална работа во местото на живеење во рок од 30 дена од објавување на повикот од страна на Министерството за финансии, а за прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија формирана од министерот за труд и социјална политика. Ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, а кои не се обезбедени, како и за радио дифузна такса. „Првичните проценки се дека со ова решение ќе бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 граѓани, меѓутоа конечните податоци за вкупниот број граѓани и износот кој ќе биде отпишан ќе зависи од тоа колку граѓани ќе се пријават и колку ќе ги исполнат условите“, вели Ставрески. За отпишаниот долг доверителите, односно банките, ЕВН, топлификација ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг. „Ова е еднократно решение, кое е одговор на последиците од кризата врз најранливите категории граѓани кое нема во иднина да се повтори. Меѓутоа, поради акумулираните проблеми поради последиците од светската и европската криза се сметаше за најсоодветно за Македонија“, рече Ставрески. Сон решението се предлага да се отпишат долговите на три најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.  

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?