18 Мај, 2024
0.0285

СТАТИСТИКА: Колку претпријатија се основани, колку згаснале, а колку преживеале?

Објавено во: Економија 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во 2015 година се регистрирани 6 877 новосоздадени  претпријатија што претставува 10.3% од вкупно активните претпријатија во Република Македонија. 

Ова е со согласност со податоците на Државниот завод за статистика. Споредено со 2014 година, забележанo е намалување од 4%.

Гледано по сектори на дејност, најголем дел од новосоздадените претпријатија (30.7%) се во секторот Трговија  на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а потоа следат секторите Преработувачка  индустрија со 12.2%, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 11.5%, и Други услужни дејности со 9.5%.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (70.1%), иако и кај нив е забележано намалување од 4.8% во однос на претходната година.

Прелиминарните податоци за згаснатите претпријатија, покажуваат дека во 2015 година згаснале 9.3%, односно  6 249 претпријатија, од вкупниот број на претпријатија.

Најголем дел од згаснатите претпријатија (35.7%) припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма, најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Новосоздадени претпријатија во периодот 2010-2014 кои преживеале во 2015 година 32.7% од новосоздадените претпријатија во 2010 година сè уште биле активни во 2015 година. Најголема  стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија кои припаѓаат на секторот Дејности  на здравствена и социјална заштита (72.5%), а од областа на бизнис економијата - Стручни, научни и технички дејности (54.2%).

Во 2015 година биле активни 40.8% од новосоздадените претпријатија во 2011 година, 43.6 % од новосоздадените во 2012 година, 67.2% од новосоздадените во 2013 и 81.3% од новосоздадените во 2014. Притоа, најголема стапка на преживување имале новосоздадените претпријатија од секторот Финансиски дејности и дејности на 
осигурување (во 2011 и 2014 година), односно од секторот Стручни, научни и технички дејности (2012 год.), додека кај новосоздадените претпријатија во 2013 година, тоа се претпријатијата од секторот Образование.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа