15 Мај, 2024
0.0265

СТАРТУВА НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК, НОВ ДНЕВЕН ПЕЧАТЕН МЕДИУМ

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

“Уредувачката политика е отсликана и во нашиот слоган: Читај Вистина, биди Независен!”, изјави Слободанка Јовановска, Главен уредник на Независен весник.

Македонскиот медиумски простор од утре ќе биде збогатен со уште еден дневен печатен медиум. Независен Весник, со динамика на дневен весник, од понеделник, 27 ноември, ќе почне да се дистрибуира во Скопје и низ повеќе градови во Македонија, преку сопствена колпортерска мрежа.

Независен е бесплатен дневен весник, а за почеток граѓаните ќе можат да го добијат својот дневен примерок на повеќе главни крстосници и фреквентни места во државата. Според најавите, за кусо време весникот ќе треба да се наоѓа и во трговската мрежа, во малопродажните објекти, трафики, хотели, ресторани, во кафулиња и насекаде каде што за тоа ќе има интерес. 

“На македонските читатели ќе се обидеме да им донесеме поинаква перспектива и друг агол на гледање на домашните и на настаните од светот. Тоа значи дека ќе има актуелни теми, новинарски разработени од различни аспекти, спротивставени ставови, длабински анализи, мислења, од песпективи за кои што сметаме дека треба да добијат на гласност. Независен ќе биде збогатен со лични ставови и колумни на етаблирани, но и на свежи лица на домашната општествена сцена. Уредувачката политика е отсликана и во нашиот слоган: Читај Вистина, биди Независен!”, изјави Слободанка Јовановска, Главен уредник на Независен весник.

Концептот на весникот е да разработува вести и теми од политиката, економијата, културата, социјалата, спортот, шоу бизнисот, сето она што е предизвик за јавноста. Редакцијата на Независен весник е комбинација од долгогодишни искусни и млади новинари.

Независен ќе излегува пет денови во неделата, од понеделник до четврок на 16 страници, а петочниот број ќе биде на 24 страници, со тоа што во сите изданија ќе има по три страници на англиски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија