19 Мај, 2024
0.0815

Стартува најголемата кампања за гурмани во градот!

#СкопјеГурман - стартува кампањата која ќе го претвори градот во најгурманско место до сега

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Водечкиот сајт за попусти и воедно лидер во е-трговија - Grouper.mk ја најавува новата кампања  - “Недела на храна” под слоганот Скопје гурман ти ќе бидеш”.


“Kампањата “Недела на храна ќе го претвори Скопје во најгурманско место до сега преку понудата на над 100 зделки по непобедливи промотивни цени од преку 50 локални ресторани. Oние кои не следат знаат дека ниедна наша кампања не поминува без подароци и предизвици па така и оваа кампања ќе биде полна со изненадувања. Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании.” - раскажува Нина Ангеловска, генерален менаџер на Grouper.mk

Песната “Скопје младост ти ќе бидеш” е инспирација за овогодинешниот слоган #СкопјеГурман (ти ќе бидеш), a видеото за најава на гурманската кампања го подготвивме заедно со тимот на Reborn

Недела на храна” е единствена кампања во градот која ги обединува скопските ресторани и служи како гурмански водич. На граѓаните им овозможува да откријат нови места, да посетат голем број ресторани, да пробаат различни вкусови и сѐ тоа по промотивни цени со попуст. Од Grouper велат дека ќе следи месец во кој готвењето ќе биде ставено на мирување и ве повикуваат да се препуштите на дегустации и уживање во различни вкусови и локали.

Дел од рестораните кои ќе имаме прилика да ги посетиме со “Недела на Храна” се: ФОРЦА бар & ресторан, SushiCo, Veneto City Mall, Италијански ресторан “Кај Џино”, Squeeze Me, Ќебапчилница “Тетекс”, Мекиците од Стража, Хотел ресторан “Senigallia”, Public Room, Рок Кафана Рустикана 2.0, Радост и многу други деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани.

Гурманските зделки се категоризирани во мени кое ќе биде објавувано во текот на една недела додека рокот за користење ќе биде до средината на месец јули. Понеделник започнува со Pizza & Pasta, вторникот е најавен како ден набургери, а вкусната недела ќе продолжи со азиска храна, BBQ месо & риба, десерти, салати и мезиња и hangover појадоци & veggie bar.

За инстаграмџиите кои не ја пробуваат храната пред да ја фотографираатФОТО НАТПРЕВАРна Instagram & Facebook преку кој ќе се одберат најдобрите 10 фотографии од Недела на Храна поставени со хаштагот #СкопјеГурман + локацијата на ресторанот, кои ќе бидат наградени со вредни Делимано подароци.

На крајот на вкусната кампања, Grouper заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории.

Повеќе информации за кампањата може да најдете на нивниот блог https://blog.grouper.mk/nedela-na-hrana/

За повеќе информации:

Драгана Ѓокиќ 070 772 126 dragana@grouper.mk

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда