Добивај вести на Viber
Од српската полиција соопштија дека во тунелот не се пронајдени траги кои би укажувале дека двегодишната Данка Илиќ се наоѓала таму.
„Специјалистичите тимови за спасување од урнатините при секторот на МВР за вонредни ситуации од Белград и Нови Сад, од раните утрински часови детално го пребараа тунелот, подземните канали и шахтите со вкупна должина од околу 4,5 километри, во реонот на Бањско Поле од градот Бор и во таа пригода не се пронајдени никакви траги кои би укажувале на тоа дека тука се наоѓала двегодишната Данка Илиќ“, објави МВР на Србија на својата страница на Инстаграм.
Пребарани се 10 квадратни километри површина. Девојчето исчезна во вторникот.