18 Мај, 2024
0.0285

Српската инспекција до трговците: Не ја злоупотребувајте вонредната ситуација!

Објавено во: Балкан 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Српското Министерство за трговија, туризам и телекомуникации и Пазарната инспекција на Србија бараат од трговците во услови на вонредна ситуација да не предизвикуваат дополнителна нестабилност и нарушување во снабдувањето на населението со основните животни намирници. Предупредуваат и на казни доколку трговците кријат стока или ги зголемуваат цените. Секторот за пазарна инспекција, во соопштението објавено денеска, ги предупредува трговците дека секој вид нечесна, недозволена и шпекулативна работа, како што е криење на стока, зголемување на цените, условување на купувањето..., ќе биде санкциониран согласно Законот за трговија. За вакви дела е предвидена парична казна до два милиони динари (над 17.000 евра), но и забрана за вршење на дејност во траење од шест месеци до две години и јавно објавување на пресудата. Инспекторите бараат од трговците, имајќи ја предвид потребата да се спречи нарушувањето на пазарот во снабдувањето со основни животни намерници - вода за пиење, леб, млеко, масло..., да ги преземат сите потребни мерки за да не се случува недостиг во продавниците. И работното време трговските објекти треба да го приспособат на потребите на населението. Српскиот министер за трговија Расим Љаиќ денеска изјави дека инспекцијата веќе добила повеќе поплаки од граѓани дека одредени трговци ја злоупотребуваат вонредната ситуација и неоправдано ги зголемуваат цените на одредени животни намирници. Тој најави најостри санкции против ваквите профитери. Инспекторите добиле налог да вршат засилени инспекции во најпогодените подрачја, од каде стигнале информации дека одредени трговци ја зголемуваат цената на вода за пиење во шишиња и на храната.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?