04 Мај, 2024
0.0249

Српска „Житопрерада“ заработи пријава за отровните штрудли, конкурентите тријат раце

Објавено во: Балкан 08 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Пријава за стопански прекршок и изрекоа надлежните инсепкциски служби на српската компанија „Житопрерада ДМ“, производител на штрудлите со смоква кај кои беше пронајдено зголемено количество на орхатоксин А. Спорните штрудли се целосно повлечени од продажба и во Србија, а од компанијата и натаму се воздржуваат од коментар. Штрудлите на овој производител беа вратени од Словенија, откако се покажало дека количеството на охратоксин во нив е повеќе од пет пати повисоко од дозволеното во Европската унија. Инспекциите вчера цел ден ја чешлаа фабриката, при што биле констатирани пропусти во спроведувањето на ХАСАП системот за безбедност на храната и производот веднаш бил забранет. Компанијата сама ги повлекла сите количества од продажба. Во српската јавност има остри реакции со оглед на тоа што инспекциските служби реагирале дури вчера, иако информацијата за вратената пратка од Словенија ја добиле уште пред две недели. Ова е втора афера со микротоксини во храната од Србија, откако минатата година беше пронајдено зголемено присуство на афлатоксини во млекото. Овој случај српската влада го „реши“ така што го зголеми дозволеното ниво на афлатоксини во производите 10 пати над она во ЕУ. „На ваквите производители мора да им се укинат бенефициите и субвенциите затоа што го уриваат угледот на српските прехранбени производи на меѓународно ниво и тоа мора да биде лекција за сите останати“, вели професорот на Земјоделскиот факултет во Белград Милан Шеварлиќ. И додека граѓаните се во паника каква храна јадат, конкурентите тријат раце. Конкурентската фирма „Медела“ од Врбас се огласи со сопштение во кое тврди дека по избивањето на аферата со штрудлите на „Житопрерада“ тие добиле стотици нови барања за испорака и дека побарувачката за нивните штрудли драстично се зголемила.  

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни