17 Мај, 2024
0.0255

Среќа или судбина: Единственото преживеано дете во нападот во Пакистан задоцнило на час

Објавено во: Свет 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Дали задоцнетиот аларм му го спасил животот на 15 годишниот Пакистанец, Давид Ибрахим или судбината ги замешала своите прсти па сега тој е единствен преживеан меѓу 132 негови врсници. Семејството на Давид изјавило дека тој всушност задоцнил  за во школо и на тој начин само тој од својот клас успеал да го преживее крвавиот масакар што талибанските бунтовници го извршија во военото училиште во Пешавар. Во училиштето бил спроведен вистински хорор. Талибаните убивале едно по едно дете и на тој начин настрадале повеќе од 100 ученици. „Давид имаше голема среќа. Не отиде во училиште бидејќи претходната вечер бевме на свадба и наредниот ден тој не го слушна алармот за во школо“, изјавил Суфјан, братот на Давид. Тој додал дека по масакарот Давид не сакал да разговара со никого. „Давид тренира џудо и е цврст дечко, но сега не покажува никакви емоции. Цел ден го помина одејќи на погреби. Никој од неговото одделение не преживеа. Сите се мртви“, нагласил братот на Давид. Меѓу убиените била и директорката на училиштето, Тахира Кази, чие тело спасувачките екипи го пронашле во рушевините додека трагале по преживеани.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра