15 Мај, 2024
0.0246

Среќник си добил речиси 2,5 милиони евра

Објавено во: Стил 22 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

По речиси дваипол милиони евра двајца среќници добиле  на бугарската државна лотарија. Додека едниот добитник останува анонимен, вториот, извесен Росен Русимов од Перник самиот им се јавил на медиумите за да се пофали дека токму нему му се паднал џек-потот со вредната награда. Русимов има сопствен бизнис и поголемиот дел од добивката планира да го вложи во негово развивање, но вели дека ќе одвои средства и за да им помогне на оние кои немале среќа во животот. Освен тоа, планира да купи еден автобус за потребите на локалниот фудбалски клуб. 47-годишниот добитник истакнува дека парите нема да го променат, односно дека тој и неговото семесјтво ќе продолжат да си живеат без непотребен луксуз, исто како и досега.