19 Мај, 2024
0.0267

Средната класа во САД и Германија е во процес на исчезнување

Објавено во: Економија, Свет 14 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

И во Германија и во САД луѓето со средни приходи се намалуваат, најголема имотна разлика се забележува меѓу младите и мигрантите, покажа анализата на Германскиот институт за економски истражувања „DIW“.

Средната класа е основата на современото западно општество, но и во Америка, и во Федералната република нејзиниот удел во структурата на населението се намалува. Сега експертите од „DIW“ ги споредија особеностите на имотните разлики во САД и СРГ.

Уделот на луѓето со средни приходи се стеснува

Развојот на средната класа во последните децении во двете најголеми економии од двете страни на Атлантикот оди паралелно и со исто темпо, а по 2000 година тоа се забрзува. Во исто време демографската ситуација во двете земји е различна: во САД рапидно расте бројот на возрасната популација (во голема мера благодарение на миграцијата, во Германија - побавно покрај миграцијата.

Ако во САД групата на луѓето со среден доход во 1971 година вклучувала 61% од возрасната популација, тогаш две децении подоцна нивниот број бил 56%, а во 2015 година - само 50%.

Во обединета Германија во 1991 година 60% располагале со средни приходи, а во 2013 година - 54%.

Тука, сепак, треба да се земе предвид дека во истражувањето одделно се наведува долната средна и повисоката средна класа.

Во САД уделот на овие две групи за последниот четврт век не се променил, а во Германија се зголемил незначително, така што вкупната количина на средната класа не се намалила толку силно, како што може да ни се чини на прв поглед.

Возрасна група 30 - 44-годишни: или погоре, или подолу

Сепак, раслојувањето на општеството продолжува. Во САД поларизацијата е посветло изразена отколку во СРГ. Така на пример, во Америка уделот на примателите на висок приход (највисоката класа) се зголеми од 5% на 9%, а во Германија - од 2 на 4%.

Истовремено со тоа процентот на луѓето со ниски приходи се зголеми меѓу Американците од 18% на 20%, а меѓу Германците - од 20% на 21%. Овие бројки не можат да бидат протолкувани како осиромашување на средната класа, но тренд за зголемување на нејзиниот најголем сиромашен слој е факт.

И во САД, и во СРГ процентот на луѓето со средни приходи сериозно се намалува во возрасната група од 30 до 44 години. Во денешно време токму на оваа возраст луѓето најчесто прават кариера, се издигаат во горниот дел на средната класа или директно во високата класа, или сериозно ја влошуваат своето материјална положба.

Во исто време младите луѓе на возраст од 18 до 29 години и во САД, и во СРГ потешко можат да се подигнат во средната класа и да останат таму. А луѓето над 65 години, токму спротивното, се почесто успеваат да го задржат достигнатиот животен стандард во текот на годините . Пензионерите се единствената возрасна група и од двете страни на Атлантикот, каде процентот на луѓето со среден приход се зголеми значително. Во Германија од 35% во почетокот на векот до 41% во 2013 година

Миграцијата го зголемува осиромашувањето на средната класа

Заедно со младите друга голема категорија која најчесто го пополнува долниот слој на средната класа, се мигрантите. Според истражувањето на DIW, во 1991 година 70% од оние кои живеат во Германија странци (лица родени во друга земја) припаѓале на средната каса, 7% имале високи примања, 23% - пониски. Во 2013 година процентот на претставниците на средната класа меѓу мигрантите се намалил до 55%, процентот на луѓето со висок приход се зголеми минимално до 8%, а сиромашните се веќе 37%. Тука не мала улога одиграл и факторот: нивоата на образование и квалификација на многу мигранти се покажаа недоволно високи за добивање на добро платена работа. Американската статистика, за разлика од германската, го предвидува етничкото потекло. Најголемиот удел на нископлатените паѓа токму на мигрантите од Латинска Америка и афроамериканците, забележува истражувањето на „DIW“.

Извор: „Deutsche Welle“

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа