16 Мај, 2024
0.0372

Средба на Иванов со Бренде - Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Продолжувањето на процесот на проширување треба да биде стратешка цел на ЕУ, независно од внатрешните и надворешните предизвици со кои се соочува Унијата, а стабилен, безбеден и економски силен Балкан ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Европа, рече македонскиот Претседател Ѓорге Иванов кој го прими министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде.

На средбата двајцата соговорници изразија подготвеност за продолжување и унапредување на севкупната соработка, како и за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка. Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања, за евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и за безбедносните прашања и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

„Не само нашата држава и регион, туку и Европа, и целиот свет се соочува со сериозни предизвици. Бегалската и мигрантската криза, тероризмот и безбедносните ризици, растечката нетолерантност и непочитување на различностите, непочитувањето на меѓународното право, се само дел од предизвиците, кои бараат тесна соработка и глобални одговори”, порача македонскиот претседател.
Продолжувањето на процесот на проширување треба да биде стратешка цел на Европската униај, независно од внатрешните и надворешните предизвици со кои се соочува Унијата, а стабилен, безбеден и економски силен Балкан ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Европа, посочи претседателот Иванов на средбата, истакнувајќи дека Република Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Бренде, од своја страна, истакна дека Кралството Норвешка силно ги поддржува евроатланските аспирации на Република Македонија, укажувајќи дека интеграцијата на Балканот во ЕУ е од значење за стабилноста и безбедноста на Европа.

Во однос на НАТО интеграцијата, македонскиот претседател истакна дека Република Македонија е одговорен член во меѓународната заедница и континуирано и активно придонесува за регионалната безбедност и стабилност.

„Република Македонија континуирано ја одржува компатибилноста со НАТО стандардите и нашето членство во НАТО ќе придонесе во создавањето позитивна клима во земјата и во регионот “, порача претседателот Иванов, укажувајќи на потребата за итен влез на Република Македонија во Алијансата.

Македонскиот претседател се заблагодари за досегашната помош и поддршка од Кралството Норвешка преку бројни програми и проекти со цел унапредување и развивање на повеќе сегменти и сектори во македонското општество.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното