19 Мај, 2024
0.0264

СРБИЈА ВО ШОК: Им дадоа се на Русите за Јужен тек, а за возврат не добија ништо!

Објавено во: Балкан 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Србија е веројатно најголемиот губитник по пропаѓањето на проектот Јужен тек. Според првичните пресметки откажувањето на овој проект ќе ја чини српската економија најмалку пет милијарди евра. Тука влегуваат досегашните инвестиции на земјата во овој капацитет, потенцијалниот профит од работата на гасоводот кој е загубен, но и буџетските загуби во форма на бенефиции што српската држава му ги даде на „Гаспром“. За да се најде на мапата на важниот енергетски проект, Србија на рускиот гигант „Гаспром“ му даде бенефиции кои ќе важат во следните девет години. Заради ветената изградба на Јужен тек, Нафтената индустрија на Србија (НИС) им беше продадена на Русите за цена пониска за 800 милиони евра, додека на руската компанија и е овозможена и повластена стапка за рентата за рудни богатства, која ќе важи до 2023 година. Ситуацијата не би била толку критична, доколку во потпишаниот договор би биле предвидени клаузули за тоа што ќе се случува доколку гасоводот не се изгради. Но, таква заштита за српската страна едноставно нема, па Белград нема право да бара отштета. Камен-темелник на ваквите руско-српски енергетски односи во 2008 година поставиле тогашниот српските претседател Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница, кои гарантирале дека ако НИС им биде продаден на Русите, гасот низ Јужен тек ќе протече веќе од 2013-та година, а со него ќе носи една милијарда евра од транзитни такси, градежни работи и гасни електрани. Заради ова, тие се сега на остра критика на српските медиуми, особено што се утврди дека руската страна со договорот е целосно заштитена. Потпретседателката на српската Влада Зорана Михајловиќ вели дека освен политичката, треба да се провери дали постои можност и за кривична одговорност на Тадиќ и на луѓето од тогашната Влада, затоа што ја склучиле спогодбата без да ги заштитат српските интереси. „Заради ваквата спогодба Србија сега нема начин да ја надомести штетата што ќе ја претрпи заради можното откажување од Јужен тек. Штетата по различни основи е голема“, вели Михајловиќ.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел