16 Мај, 2024
0.0271

Србија размислува за изградба на нуклерки

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Претседателот на САНУ Никола Хајдин, изјавил  дека во Србија од 2015 година ќе се преиспитува одлуката за мораториум на изградба на нуклеарни електрани, пишува Политика. Од другастрана пак од Научниот институт Винча веќе 20 години се обидуваат да влијаат на укинувањето на мораториумот, кој уште во времето на Југославија го кажа историското НЕ на изградба на нуклеарки. Според екологистите  нуклеарка ќе ја доведе Србија на раб на катастрофа поради најмалку две работи: радијацијата како таа во Јапонија или Украина и проблеми со складирање на опасниот радиоактивен отпад. Министерството за енергетика одбиваат да ја коментираат изјавата на академикот Хајдини, укажувајќи дека моментално  е важна изработка на план на приоритетни инвестиции во енергетиката, пред се на обновливи извори на енергија и понатамошно проширување на капацитетите на постоечките термоелектрани. Од министерство, истакнуваат дека  одлука за соработка во изградба на заеднички нуклеарни капацитети во соседството мора да донесе владата. Научниот раководител на Лабораторијата за физика на Институтот Винча др. Небојша Нешковиќ се залага за спроведување на одлуката на Владата на Србија за декомисионирање на реакторот РА во институтот, т.е. негово трајно ставање надвор од погон. Таа работа сигурно би чинела над 100 милиони евра. Исто така, според постоечкиот закон, неопходно е до 2019 година да се изгради траен магацин за радиоактивниот отпад во Србија. - Ние предложивме декомисионирањето на реакторот РА и изградбата на траен магацин за радиоактивен отпад да се даде на некоја западна компанија која би ги прифатила како прелиминарни работи во рамки на изградба на прва нуклеарка во Србија.  Затоа веќе разговаравме со претставници на француската компанија Газ де Франсе суез – вели Нешковиќ. Тој вели дека кај нас прашањето за изградба на нуклеарка, која би траела најмалку 15 години, е прашање на технолошки развој, но и политичка стабилност и геостратешка рамнотежа. - Србија со Русите работи и на завршување на изградбата на Акцелераторската инсталација Тесла во Институтот Винча, што е од стратешко значење за земјата – вели Нешковиќ. Геополитичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ се согласува со оценката дека ако Србија во соработка со Русија изгради нуклеарна централа, може да се наруши стратешката стабилност.  

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно