Добивај вести на Viber
Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера изјави дека Србија може да одигра значајна улога во амбициозниот план на Пекинг за нов „Пат на свилата“, односно за зголемување на трговијата меѓу Европа, Азија и Африка.
Кинеската иницијатива предвидува новиот „Пат на свилата“ да поминува од западниот дел на Кина, кон Централна Азија и во Европа преку Балканот.
Србија и Кина ставија параф на бизнис зделки и идни планови вредни стотици милиони евра.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг со српскиот колега Томислав Николиќ, ја потпишаа изјавата за стратешко партнерство, со што нашиот северен сосед ги отвори вратите за кинескиот капитал.
Дел од проектите за кои Кина најави дека е подготвена да финансира со поволни кредити се: изградба на индустриска бесцаринска зона, две термоелектрани, мостови, обиколница во Белград и пристаниште на Дунав.
Еден од клучните проекти кои беа предочени беше и изградбата на супер брзата железница на релација Будимпшта-Белград- Солун. Кина ќе направи специјален фонд со 3 милијарди долари кои ќе бидат достапни за земјите од Централна и Источна Европа.