Добивај вести на Viber
Победникот на последните избори во Србија Александар Вучиќ со неговиот економски тим спремаат сет мерки кои треба да бидат усвоени веднаш откако ќе биде составена новата српска Влада.
Како што тврди српскиот весник „Блиц“, меѓу серијата економски мерки е и зголемување на возраста за пензионирање, а тоа најмногу ќе ги погоди жените.
„Има три модела. Првиот е жените да одат во пензија на 63, наместо на 60 години како досега, и тоа е најреално сценарио. Втората варијанта е и жените и мажите да одат во пензија на 65 години, а третата е мажите да се пензионираат на 66, а жените на 64 години. Оваа мерка ќе се применува од 1 јануари 2015 година“, вели изворот на „Блиц“.
Меѓу другите мерки што ги планира Вучиќ се скратување на трошоците во јавните претпријатија, а планира и мерки за стимулирање на вработувањата во постојан работен однос. За сите копмании што ќе примат 100 работници, за 70 ќе бидат ослободени од давачки три години. Со оваа мерка планот е да се отворат 50.000 нови работни места во Србија.