29 Април, 2024
0.0284

Србија го менува правилникот за млеко, ја зголемува дозволената количина афлатоксини

Објавено во: Агробизнис 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Според последните информации кои доаѓаат од Србија во врска со аферата за канцерогеното млеко, српската Влада одлучи да го промени Правилникот за дозволената количина афлатоксини во млекото од сегашните 0,05 микрограми по килограм на 0,5  како што беше до пред две години.

Ова го потврди денеска министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ, кој сепак посочи дека Владата добила мислење од сите надлежни установи, од Министерството за здравство, ВМА и Институтот Батут, дека нема штетни последици по здравјето, пренесе Танјуг.

„Тие количини нема негативно да влијаат на здравјето на луѓето, а ќе овозможат извоз на млекото во две третини во светот, појасни Министерот.

Според него, носењето на нов правилник не било обврска на Србија, туку препишување на прописите на ЕУ и потсети дека тој стандард кој пропишува количина на афлатоксини од 0,5 микрограми по килограм го имаат Русија, САД, Бразил, Аргентина, Индија, Бугарија и уште некои земји.

Српскиот министер додаде дека секоја година меѓу 5 и 15 проценти пченка има зголемено ниво на афлатоксини, а дека минатата година поради сушата била исклучок.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?