18 Мај, 2024
0.0325

Спроведуваме тестирања преку интерактивни квизови: Директорката на ООУ „Песталоци“ за онлајн наставата

Објавено во: Македонија 19 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Како и сите основни училишта во нашата држава, така и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје се вклучи во акцијата УЧИ ОД ДОМА. На оваа тема, како и за нивниот начин на работа зборувавме до директорката на училиштето, Катерина Атанасова, која подетално ни објасни на која платформа работат нивните ученици.


„Со оглед на тековната ситуација и прекинот на воспитно - образовниот процес во училиштата, наставниците изнаоѓаат начини за неформално образование и онлајн едукација на учениците преку следење на наставните програми и планови во овој период. Дигиталните платформи кои ќе ги користат ученици во соработка со наставниот кадар од училишта на Општина Центар се  официјалните веб страници, електронската пошта, платформата за активно учење Edmodo,Google classroom,Viber, Facebook и Skype комуникација за настава од далечина.Најкористениот начин за онлајн учење во нашето училиште е платформата edmodo.com. Наставниците имаат креирано група во која сите добиваат техничка поддршка, а за учениците отворени училници по одделенија и предмети. На сите ученици им се задаваат задолженија, активности, материјали за работа и се спроведуваат тестирања преку интерактивни квизови.“

Платформата која ја користат тие, овозможува евиденција на тоа колку учениците се вклучени во онлајн училниците.

„На оваа платформа учениците креираат профил, а наставниците водат евиденција колку од учениците се вклучени во нивните онлајн училници. Изработките на домашните работи и задолженијата, како и квизовите се евидентираат директно на платформата. Наставникот има можност да ги оцени изработките и да даде повратна информација на ученикот.“ – посочи директорката, која потоа додаде:


„Сметам дека онлајн наставата има големи ефекти, со оглед дека учениците голем дел од своето време го поминуваат на своите телефони, таблети и компјутери.“

Катерина вели дека и пред оваа состојба, голем дел од наставниците кои предаваат во ова училиште и претходно комуницирале по електронски пат со учениците, но исто така потврди дека и родителите имаат голема улога во овој процес на едукација.


„ Edmodo платформата овозможува вклучување и на родителите. Родителите на ученици од нижите одделенија се повеќе вклучени и со задоволство ги прифаќаат задолженијата.“ – завршува Атанасова.

И. Мисајловска


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност