Спречен терористични напад во Белгија - Осум лица уапсени
Објавено во: Свет 05 Март, 2018
Осум лица се упсени во Белија под сомнение дека подготвувале терористички напад.
Апсењата се извршени за време на рации во бриселскиот кварт Моленбек и фламанските градови Герардсберген и Мехелен. Во рациите не е откриено оружје ниту експлозиви.
Веста ја соопшти белгискиот весник „Дерниер јор“, но коментар од белгискиот федерален обвинител сеуште нема.