04 Мај, 2024
0.0255

СПЦ и годинава забрани македонска прослава на Прохор Пчињски

Објавено во: Балкан 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Ниту годинава нема да има македонска прослава на 2 август во манастирот Прохор Пчињски во Србија, бидејќи СПЦ нема да дозволи чествување на клучното заседание на АСНОМ во 1944 година. Главната причина е тоа што СПЦ смета дека српското свештенство во Македонија било обесправено.

- Патријархот Иринеј е категоричен за забраната. Како што вели, сè додека не се поправи статусот на СПЦ и на нејзините свештеници во Македонија, нема разговори за можноста да се дозволи каква било делегација од Скопје да го посети манастирот во Србија и во него да го обележува Илинденското востание. Самиот патријарх Иринеј и патријаршијата повеќепати барале од македонските власти да се направи нешто по прашањето за статусот на српските свештеници во Македонија, но секогаш наидувале на ѕид во државните институции во Македонија. Патријархот Иринеј е лут и повеќепати повтори: „Нема шанси да дозволам во нашиот манастир да го слават Илинден. Тие сакаа нашите манастири на Косово да им ги дадат на Албанците, па сега не можат во нив да прават свои прослави - вели изворот на српски „Ало“ од патријаршијата.

Српското министерство за надворешни работи предводено од Ивица Дачиќ пренесува дека тие не може да влијаат ниту да се мешаат во одлуката на СПЦ во чија надлежност е манастирот кој е од клучно значење за македонската историја.

Македонските власти во гест на добра волја им овозможија на Србите да прослават 100 години од битката кај Зебрњак со сите можни почести иако во оваа битка настрадале и многу Македонци.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни