09 Мај, 2024
0.0329

Спасовски: Изјавите на Пендиков се чиста глупост

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги искоментира како „чиста глупост“ изјавите на Христијан Пендиков, секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид, во интервјуто за БТВ, во кои меѓудругото тврди дека Бугарите се плашат дека во Македонија може да бидат стрелани и никој да не ги заштити.

- Не може 30 години да живеете во една држава и никој ништо да не ви рекол и сега одеднаш да речете дека државата не ви ги почитува правата. Тоа не е реално, не е факт. Сепак, упатувам порака дека насилство не смее да има во никој случај за ниту една причина, рече Спасовски и дополни дека е недозволиво и да се „навредува една цела земја“.

Охриѓанецот тврдеше дека во Македонија било нормално да се пцујат и тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала мерки.

- Во Македонија се почитуваат правата на секој еден граѓанин, на секој еден човек кој што се наоѓа на територијата на државата. Меѓународните институции ја оценија Македонија како една од најбезбедните држави во регионот, како земја која е на 36-то место на глобалниот индекс за мир, рече Спасовски.

Министерот дополни дека за тоа кои биле причините за нападот над Пендиков одговор дава истрагата на Јавното обвинителство и случајот го оцени како расчистен.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии

Стојанче Ангелов: Победа за ДУИ во опозиција

Стојанче Ангелов: Победа за ДУИ во опозиција

СЕ ОГЛАСИ БОБАН КАРПЕЈОВСКИ ОД ЗНАМ: Направивме чудо, ќе бидеме поинакви и подобри од дргите

СЕ ОГЛАСИ БОБАН КАРПЕЈОВСКИ ОД ЗНАМ: Направивме чудо, ќе бидеме поинакви и подобри од дргите

СЕ РЕДАТ ОСТАВКИТЕ ВО СДСМ: И Тренчевска се повлекува од претседателското место на форумот на жени на партијата

СЕ РЕДАТ ОСТАВКИТЕ ВО СДСМ: И Тренчевска се повлекува од претседателското место на форумот на жени на партијата

КОЈА ПАРТИЈА КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ДОБИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ - ВМРО-ДПМНЕ најмногу води во Тројката: 14 спрема 4 со СДСМ

КОЈА ПАРТИЈА КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ДОБИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ - ВМРО-ДПМНЕ најмногу води во Тројката: 14 спрема 4 со СДСМ

Од Бугарија стигнаа првите пораки до ВМРО-ДПМНЕ: Ние не отстапуваме ни милиметар

Од Бугарија стигнаа првите пораки до ВМРО-ДПМНЕ: Ние не отстапуваме ни милиметар

„НА НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ИМ ТРЕБА НАДВОРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ“: Најчевска со посебен осврт на собраниските избраници

„НА НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ИМ ТРЕБА НАДВОРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ“: Најчевска со посебен осврт на собраниските избраници

Нано Ружин за Фактор: Една грешка постојано се повторува кај СДСМ и тоа ги чинеше голем пораз

Нано Ружин за Фактор: Една грешка постојано се повторува кај СДСМ и тоа ги чинеше голем пораз