18 Мај, 2024
0.0530

Спасовски: Засега нема потреба од одложување на изборите, свикување на Парламентот и ребаланс на буџетот

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Засега нема потреба да се одложуваат изборите, ниту да се свикува повторно Парламентот кој е распуштен, ниту да се носи ребаланс на буџетот, бидејќи засега тој е ликвиден. 

Ова го изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски по лидерската средба.

Сега за сега не треба да се свикува Собранието, бидејќи има ликвиден буџет и стабилна фискална политика, но ако има потреба и тоа ќе се случи. 

Разговаравме за сите аспекти кои можат да бидат последица. Здравјето и животот на граѓаните е над се, но и грижата за економијата. Денеска во 16 часот ќе имам средба со економскиот тим на Владата и со стопанствениците, и на основа на импликациите од мерките, тие да бидат воведувани тогаш кога за нив ќе има потреба“, рече Спасовски.

Не е разговарано за одложување на изборите, бидејќи лидерите сметале дека засега не треба да се носи таква одлука. 

Во овој момент не разгиварвме за одложување на изборите, сметаме дека сега не треба да се носат такви одлуки“, вели Спасовски. Но, лидерите се договориле дека ако има потреба ќе седнат и ќе разговараат за сите прашања. 

Сега е важно да се однесуваме одговорно и да знаеме дека ситните партиски поени нема ништо добро да донесат. Политичките партии треба да имаат уште поголема одговорност. Кризниот штаб преку мејлови ќе ги информира и политичките партии за сите новини во врска со коронавирусот“, рече Спасовски.

Тој побара од сите граѓани и институции да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, а до граѓаните упати порака дека не треба да се празнат маркетите.  

Го охрабриле апелот на МВР корисниците на социјалните мрежи да не шират лажни вести, бидејќи тие создаваат неоснована паника.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање