Спасовски за обвинувањата меѓу Муареми и Русковска: Ова предизвикува штета на граѓаните
Објавено во: Македонија 05 Август, 2022 20:28
Обвинувањата меѓу Рускоска и Муареми штетно влијаат врз довербата во институциите, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Вака Спасовски ги искоментира тензиите меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.
„Ова предизвикува штета на граѓаните заради тоа што вербата во институциите се губи и секој кој носи било каква функција, мора да носи одговорност – етичка, морална…. Не може да се дозволи да се растурат институции од било кого и за тоа треба цврсто да застане секој заради тоа што ако се изгуби вербата во институциите, тогаш е најголемиот проблем. Така што мора да се размислиме зошто институциите, обвинителство, судство имаат осум отсто доверба“, изјави вечерва Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.
Муареми најави дека ќе поднесе кривични притив Русковска, обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Тој обвини дека постапувале неетички и повика ако има докази, Русковска да ги обелодени.Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




