18 Мај, 2024
0.0352

Спасовски: Нема нови одлуки за рестрикции за ограничување на движењето

Објавено во: Македонија 19 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски информираше дека со вонредната состојба, од утринава нема донесени нови одлуки за рестрикции со кои ќе се ограничува движењето на граѓаните, освен во општините Дебар и Центар Жупа.

Спасовски зборуваше за вонредната состојба и дека со прогласувањето на истата ќе се носат одлуки на дневна основа ако има потреба.

Според премиерот одлуката за вонредна состојба е вистинската мерка која е донесена во ваков момент а и со неа кажа дека не значи дека замрел животот на граѓаните, туку е донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Одлуките кои ги носиме се во насока колку помалку штети во економијата и стопанството. Имаат за цел да обезбедат одржливост на работата на компаниите, и да се задржат работните места и животниот стандард. Ваквите одлуки сега ќе може полесно да се носат, нормално во комуникација со сите субјекти.

Ќе ја совладаме оваа состојба на најдобар можен начин, користејќи ги сите ресурси. Затоа е потребно да се однесуваме одговорно, почитувајќи ги мерките и препораките. Во услови на вонредна состојба, ќе покажеме дека дисциплинирано, сериозност секој од нас и сите граѓани, секој одделно сме посветени на исполнување на своите обврски за општо добро, и доброто на нашите деца.“, рече уште Спасовски.

Спасовски потсети и дека на сила остануваат мерките и препораки на здравствените власти со кои се забрануваат јавни собири во отворени и затворени објекти.

Спасовски уште еднаш апелираше до повозрасните граѓани да останат дома. 

-Препораката е сериозна и затоа треба да останете дома, ако имате потреба од набавки и слично обратете се до општината или Црвениот крст од каде ќе ви помогнат волонтерите. Сите оние граѓани пак кои ќе почувствуваат симптоми веднаш соглансо препораките да се јават на телефоните отворени за таа намена-истакна Спасовски.

Министерката за правда Рената Дескоска кажа дека одлуката за вонредна состојба е една од најтешките за кои некогаш гласала во животот, но сепак кажа дека тоа е државничка одлука донесена за доброто на сите, за што поскоро да се вратиме на нормалните текови на нашите животи.

Министерката посочи дека по првата помината ноќ во вонредна ситуација, поразлична е само Владата да носи уредби со законска сила. 

„Никој веќе нема дилеми дека настапија околности од чл 125 од Уставот за прогласување вонредна состојба, која има важност најмногу 30 дена. Ако ситуацијата се смири, таа ќе биде прекината, ако продолжи пандемијата, ќе има продолжување, изјави Дескоска.

– Самото прогласување на вонредна состојба не значи органичување на човековите права, но исто така сакам да укажам дека има уставна можност за ограничување на слободите и правата на човекот доколку има таква потреба. Граѓаните треба да знаат дека ниедно ограничување не смее да би биде дискриминаторско. Во услови на вонредна состојба, ограничувањето не смее да се однесува ни на правото на живот, на мачење, на правна одреденост на казните, уверување, совест, мисла, јавно изразување мисла и вероисповед. Наша заложба е ограничувањата да бидат само во нужни околности. Затоа апелирам сите доброволно и совесно да ги почитуваме мерките на Министерството за здравство и на владата, за да нема построги ограничувања. Сакам да потенцирам дека самото прогласување вонредна состојба не значи забрана на движење, полициски час или затворање продавници. Важат мерките кои до сега се донесени од Владата. Практично, исто е како пред воведување вонредна состоја, само што сега Владата има поголеми надлежности – кажа Дескоска.

За министерката носењето одлука за вонредна состојба, е за поефикасно регулирање одредени прашања, за справување ефикасно со епидемијата и за заштита на јавното здравје, да се помогне во економијата, стопанството, земјоделството, секаде каде што има потреба.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување