18 Мај, 2024
0.0295

Спас во вистински час: Направете си пијалок кој спречува грип!

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Нагли промени на времето и секојдневен стрес влијаат на здравјето на луѓето. Но, не грижете се премногу. Ви претставуваме рецепт кој ќе направи вашите вируси и бактерии да ве заобиколат .

Супа од лук, ѓумбир, бибер, кромид и неколку чудесни состојки го зајакнува телото и го зголемува имунитетот.

Состојки:

- 3 литри вода - 2-3 чешниња лук - 1-2 лажици рендан ѓумбир - 1 лажица црн пипер - 2 моркови (излупени и исечени на половина) - 1 чаша листови од целер - 1/4 црвен кромид - 1 големо гранче рузмарин - 1 лажица мајчина душица - 1 лажица жалфија - Сок од половина лимон

Подготовка:

Сите овие состојки (освен сокот од лимон) ставете ги во сад со цврста поклопка. Оставете ги да се готват додека не зовријат и тогаш намалете на тивок оган. Нека се крчка поклопено околу еден час.

Прецедете ја течноста во друг сад. Згмечете ги состојките и притиснете низ цедалката. Оваа течност превенира, ублажува и лечи настинка, вирус и грип. Користете ја за подготовка на вашите омилени супи или чорби.

Пазате при готвењето садот да биде добро поклопен за да не испаруваат лековитите состојки. Откако ќе ја ставите супата во чинија и малку се излади, додајте сок од половна лимон.