01 Мај, 2024
0.0242

Совршен трик за чистење дамка од кафе

Објавено во: Стил 21 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

На дамката прво нежно притиснете  крпа за да го впие кафето. Потоа истурете малку вода на дамката од предната страна.

Измешајте детергент,  оцет и малку ладна вода за да  добиете густа смеса. Втријте ја пастата во ткаенината, оставете да дејствува пет минути, па нешно истријте со стара четка за заби. Четката не користете ја на осетливи ткаенини за да не ги оштетите.

Испререте ја пастата па ткаенината исперете ја на вообичаен начин.

Ако дамката е уште видлива, повторете ја постапката додека ткаенината е уште влажна.

Добар избор за отстранување на дамки од кафе е и сода бикарбона. Нанесете ја на дамката за да ја впие течноста, а потоа ткаенината исперете ја со сапун.