СОВЕТНИК ОД КРЕМЉ: Можни се немири меѓу Србија и Хрватска
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2017
На Балканот работите се сложени, а според некои прогнози можно е на оваа територија да има пресметка на Русија и Западот.
Србија и нејзиниот премиер многу скоро може да се најдат во ситауција да мора да бираат меѓу Русија и Западот.
Рускиот балканолог Никита Дедков вели дека оваа одлука може да има далекусежни последици.
Јутарњи лист пишува дека Кремљ брза да ја „врзе“ Србија и да има што поголемо влијание на Балканот, а со тоа и во Европа. Се смета дека подарувањето на авиони за Србија е чекор кон таа цел.
Михаил Александров, аналитичар од Москва кој е советник во Кремљ смета дека подарувањето на авионите е во вистински час, затоа што Србија ќе треба да се одлучи за ЕУ и НАТО.
Тој вели дека по два века Русија го губи влијанието на Балканот.
Според него, не треба да се исклучи и можноста од нови српско - хрватски судири.
Хрватска купува американско оружје и се смета дека овие две земји може да бидат полигон за пресметка на интересите на Русија и Западот.