17 Мај, 2024
0.0302

Советничката од Левица во Град Скопје за препораките за загадување: Шилегов ни ја потценува интелигенцијата

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Еко активистите реагираат на препораките за загадувањето кои ги дава Градот Скопје.

Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје, во допис до медиумите вели дека Град Скопје и Петре Шилегов им ја потценуваат интелигенцијата на скопјани. 

Инаку, Драгана Велковска како советничка во град Скопје дојде од партијата Левица. 

„Препораките за загадувањето од Град Скопје се исмевање и покажување фрапантна незаинтересираност и негрижа за жителите на овој град“, пишува Велковска.

Иако во извештајот, изработен за петнаесет држави од страна на петнаесет врховни ревизорски институции од Европа во соработка со Европскиот суд на ревизори се вели дека индустријата е најголемиот загадувач во Македонија, Градот до денес не поднел ниедна претставка, иницијатива или барање да се изврши вонреден и објективен инспекциски надзор над индустриските капацитети над кои нема надлежност, а кои загадуваат на негова територија, тврди активистката.

Таа ги наведува препораките на Градот, како и причините зошто, според неа, тие препораки се олицетворение на негрижа и незнаење.

Имено, една од препораките е да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило. 

Велковска тврди дека според заклучоци од студии, загадувањето со ПМ10 честиците не доаѓа од сообраќајот.

„Како главни индикатори за сообраќајот се дефинирани суспендираните честички (РМ2,5) и азотните оксиди, иако за ниту еден од овие параметри не е исклучив извор сообраќајот и тоа ќе се покаже во резултатите од студијата. Во периодите на интензивно загадување, загадувањето од сообраќајот е минимално. Не постои поврзаност меѓу бројот на возила и РМ10, што значи дека други фактори ги предизвикуваат високите концентрации на РМ10“, вели Велковска.

Оттука нивно мислење е дека во услови на екстремно високи нивоа на загаденост, мерките поврзани со сообраќајот би дале локален и речиси никаков ефект врз квалитетот на воздухот во зоната на градот Скопје.

Освен тоа, според нив, врв на лицемерие е администрација што во текот на 2019 и 2020 година одвоила нешто повеќе од 1,5 милијарда денари за пробивање нови улици и булевари, а истовремено вложила само нецели 3 милиони денари во велоинфраструктура, да ги советува скопјани да не ги користат своите возила.

Втората препорака е да се користи јавниот превоз.

Кој јавен превоз ќе го користи некој, на пример, од факултети до Ново Лисиче без да треба да се качи и да се симне двапати? И по повеќе од две години од управување со Град Скопје не е објавена студија за оптимизација на јавниот превоз, а притоа ЈСП упорно се субвенционира со 8 милиони евра годишно, иако нема никаква анализа за ефективноста на јавните претпријатија“, пишува Велковска.

Трета препорака е за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал. Исто така, се препорачува да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и одотпадоци. Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, како и редовно да се чистат оџаците.

„Оваа порака нема да стигне до луѓето за кои се однесува. Четиристотини илјади луѓе во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, а новогодишни панаѓури и забавни паркови одземаат над 150 милиони денари годишно од градскиот буџет. Средства кои и тоа како може да се насочат на програма и стратегија за елиминирање на (енергетската) сиромаштија во Скопје, а со тоа обезбедување на енергетска независност и одржлив развој на градот. Сепак, активностите на Секторот за локален економски развој, под чија надлежност се политиките за енергетска ефикасност на Градот, се сведуваат на печатење флаери“, вели Велковска.

Следните пшрепораки се рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, како и да се одложат сите активности на отворено.

„Во услови на енормно загадување, ова е, за жал, единствениот разумен совет што може да го даде некој што две години од својот мандат потрошил на пробивање улици и булевари, новогодишни панаѓури и еден зелен покрив на ГТЦ. Ако нешто научивме од мерењата вчера и денес, тоа е дека всушност ветерот, сепак, бил единствената мерка против загадувањето. Добро, заедно со покачените температури. Научивме и дека единствената полуефективна мерка против загадувањето што успешно ја спровел овој градоначалник, исто како и на неговиот претходник, е делењето совети да не отвораме прозорци. Сите ќе продолжиме да бидеме жртви сѐ додека на функции не донесеме луѓе кои навистина веруваат во нормално општество и кои сакаат и знаат да донесат промени за добро на сите. А сѐ додека на власт имаме функционери од „Али експрес“, таков воздух и ќе дишеме“, пишува Веловска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање