Совети за долга и успешна ИТ кариера
Објавено во: Финансии 09 Мај, 2016
Долгата и успешна кариера не е случајност, дури и во ИТ секторот каде невработеноста е мала.
Затоа бидете одговорни кон својата кариера и прецизно планирајте. Самите одлучувате со какво темпо ќе напредувате во кариерата. Најдете поединци кои успеале во тој сектор, и дознајте на кој начин станале успешни. Секогаш имајте алтернатива, имајте план Б затоа што професионалниот живот не може секогаш да се испланира целосно.
Вежбајте флексибилност и брзина. Технологијата брзо се менува и напредува. Ако сте програмер, совладајте што е можно повеќе програмски јазици. Следете го бизнисот, колку подобро го разбирате, толку поквалитетни услуги ќе давате.
Продолжете да се усовршувате. Колку повеќе учите, толку повеќе шансите за долга и успешна кариера ви се загарантирани. Усовршувајте се формално и неформално. Стекнувајте сертификати кои ќе ви користат. Одете на коференции кои имате можност, така ќе стекнете контакти.
Знаењето и искуството не се доволни, и затоа треба да ги надградите и своите комуникациски вештини, да бидете креативни, да донесувате одлуки.