СОВЕТИ ОД МЛАДИОТ МИЛИЈАРДЕР: Како да планирате правилно, според шефот на „Airbnb“
Објавено во: Финансии 31 Август, 2017
Брајан Чески, извршен директор на Airbnb, започнува секој ден со кратка и ефикасна процедура, пишува Business Insider.
Како и секој шеф на една голема компанија, Брајан Чески мора ефикасно да управува со своето време. Тој е Главен извршен директор на Airbnb, компанија вредна 31 милијарда долари. Бизнисменот нѐ советува да започнеме секое утро со едноставен, но ефективен трик.
-Изгответе сеопфатна листа на сè што сакате да направите во текот на денот.
-Групирајте ги задачите по приоритет.
-Идентификувајте за секоја група која задача ќе ви помогне да ги исполните останатите?
Повторно групирање и преиспитување на задачите додека не ги формираме во само неколку помали.
„Ако имате листа од 20 задачи што треба да ги направите, на крајот ќе дојдете до заклучок дека не треба да ги правите сите 20“, вели тој. „Ако направите три големи работи, сепак, другите ќе бидат во ред“.