18 Мај, 2024
0.0308

Соседи на Јанкулоска: До кога ќе не малтретира МВР со проверка на возилата

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓани кои живеат во зградата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска го прашуваат министерот за внатрешни работи до кога планира да им ги проверува багажниците на возилата. За Јанкулоска на 18 месецов Врховниот суд ја потврди четиригодишната затворска казна и таа во овој период треба да биде извршена. Полицијата е со засилено присуство пред нејзината зграда.

„Оливер Спасовски до кога ќе малтертираш состанари на Јанкулоска со преглед на гепек во возила. Немаш можности со анализа и проценка на ризици да ја вршиш полициската работа low profile. А што ако судот со години не донесува одлука? прашуваат на фејсбук.


Ден откакако беше потврдена пресудата, Јанкулоска на фејсбук напиша дека не планира да бега и побара полицијата да не ги малтретира соседите.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша поранешната министерка за внатрешни работи на Фејсбук.

Подоцна од полицијата соопштија дека преземаат стандардни полициски оперативни мерки и активности. Рекоа дека кога ќе добијат наредба од судот, ќе постапат. 

Следниот ден пак, вршителот на должноста претседател на Врховниот суд , Фаик Арслани, за МИА изјави дека Кривичниот суд откако ќе ја прими одлуката,  веднаш ќе треба да го изготви и упатниот акт за издржување на 4-годишна казна, но Арслани вели дека станува збор за комплексен случај на кој сеуште се работи.

„Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по едно опширно да се образложат, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, изјави Арслани за МИА.

Јанкуловска е осудена во случајот „Тенк“ за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузен мерцедес од 600.000 евра.


Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување