Сорос го продава златото и вложува во акции
Објавено во: Економија, Свет 16 Ноември, 2016
Во јуни милијардерот Џорџ Сорос изјави дека Брегзит ќе го забрза доаѓањето на нова финансиска криза.
Тој го продава златото и вложува во акции на енергетските компании.
Soros Fund Management, компанијата на Сорос, го продава златото и се фокусира на ризичните сектори, како акции на компании од енергетиката и пазари во развој во третиот квартал на годината, пренесува Bloomberg.
Тој го продаде златото во вредност од 30,4 милиони долари.
Неговите песимистички ставови за можни глобални економски настани, направени во почетокот на годината, даваат сигнали дека инвеститорите може да побараат други сигурни засолништа.
Во третиот квартал на годината цената на златото се намали за 0,3%.
Сорос купи акции во вредност од 3,17 милиони долари од фирмата Williams Cos. Тој има и помали инвестиции во California Resources Corp., Petroleo Brasilerio SA, и Rice Energy Inc.