19 Мај, 2024
0.0311

Сопругата на Оливер Деркоски стана сопственик на железничко складиште

Објавено во: Економија 18 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Сопругата на поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, Донка Деркоска, стана еден од новите сопственици на едно од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција во Македонија.

„Блу Белл Складиште“ е релативно нов логистички центар во Скопје, воедно и единствениот контејнерски терминал во границите на Р.С. Македонија. Блу Бел располага со површина од 41.332 м2 , железничка пруга од 799 метри и капацитет за сместување на 915 TEU контејнери.

Покрај основачот Навико Шипинг, сега нови сопственици се и Деркоска и две фирми од Кипар. Од она пак што може претходно да се прочита за сопругата на поранешниот пратеник и директор на македонски железници е дека била вработена во јавна установа за згрижување на деца во Скопје.

Инаку Деркоски минатата година беше назначен за директор на депото на „Блу Бел“ во Гази Баба, претходно во сопственост само на  „Навико Шипинг“, компанија специјализирана за бродско-контејнерски транспорт на стоки за Македонија која е највисоко рангирана во регионот. Второто депо на оваа компанија е во Гевгелија на самата граница со Грција.

„Навико Шипинг“ има повеќе од 2000 клиенти со промет од над 16.000 бродски контејнери годишно, а најмногу раководи со суровините што доаѓаат во земјава од Кина и Индија, при тоа градежни материјали, пластика, памук главно од и до пристаништето во Солун, според она што е претходно изнесувано во медиумите. 

„Навико Шипинг“ им овозможува на своите партнери да не ги преземаат контејнерите од пристаништето Солун, туку од депоата во Скопје и во Гевгелија. Компанијата е една од првите приватни и најголеми шпедитери во Македонија која е основана како семејна компанија во 1996 година. Опслужува и некои од Top Fortune Global 500 компаниите на листата. Има до 200 вработени а делокругот на работата е испорака со контејнери, посредување, изнајмување на бродови, царински формалности, операции во депо, транспорт и масовен товар.

Деркоски функцијата претседател на ДИК ја извршуваше до 2021, а по една година стана бизнис директор.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници