Солзи за Фидел Кастро, стотици илјади го испратија
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
Околу половина милион луѓе се собраа синоќа на главниот плоштад во вториот по големина кубански град, Сантјаго да Куба, за да се простат со таткото на кубанската револуција Фидел Кастро, кој почина на 90-годишна возраст.
Тие ја пееја националната химна и извикуваа „Јас сум Фидел". Многумина носеа црвено-црни ленти на рацете, пренесуваат агенциите.
Церемонијата ја предводеше сегашниот кубански лидер, братот и соборец на револуционерот, Раул Кастро. Додека зборуваше ја кажа и желбата на Фидел Кастро да не бидат именувани по негово име плоштади и улици и да не се креваат споменици во негова чест.
Фидел Кастро почина минатата недела на 90-годишна возраст. Урната денеска ќе биде поставена во земја покрај мавзолеј на борците за кубанска независност.