18 Мај, 2024
0.0325

Сок од јаболка, ѓумбир и лимон – чудесен пијалок за здравје!

Објавено во: Стил 16 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Сок од јаболка, ѓумбир и лимон се препорачува да земаат сите луѓе. Пијалокот ќе ја подобри здравствената состојба и ќе ве држи енергични и витални цел ден. Ѓумбирот е зачин кој пред многу години се користел во медицината и до ден денешен продолжува да се слави како едно навистина ефикасно средство, кое може да ве заштити од купишта здравствени проблеми. Производот е многу силен антиоксиданс кој се бори со воспаленијата. Тоа е во состојба да излечи дури ревматоиден артритис. Болката постепено се намалува, а движењата се вршат доста полесно. Ѓумбирот е во можност да ги намали и отоците кои ги придружуваат воспаленијата. Зачинот е високо препорачлив и за раздразнет стомак. Помага при гастроинтестинални проблеми, се бори со гадењето и спречува повраќање (дури и при хемотерапија). Ѓумбирот го смирува нарушувањето на цревата и желудникот. Јаболката од своја страна се најкорисните од сите плодови. Тие се богати со витамини, служат за зајакнување на имунитетот, го намалуваат ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Во јаболката се содржи витамин од групата Ц. Плодот се бори со штетниот холестерол во крвта и се препорачува при стартување на секакви диети. Сок од јаболко се препорачува за уништување на врените бактерии во устата. Сок од јаболка, ѓумбир и лимон - чудесен пијалок За да го направите пијалокот, потребни ви се следниве производи: едно зелено јаболко, лимон и ѓумбир. Потребно е да внимавате со дозата на ѓумбир и сок од лимон. Можете да ги конзумирате според лични преференци. За целта користете соковник. Ако соодносот на состојките е добар, сокот би требало да биде со многу пријатен вкус, освежителен и топол. Конзумирајте барем месец-два и ќе се чувствувате како препородени. Сок од јаболка, ѓумбир и лимон е моќна здрава бомба, која треба да биде искусена.