17 Мај, 2024
0.0453

Собранискиот претседател Џафери „на мака“ во препознавањето на пратениците под маски

Објавено во: Македонија 22 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Новиот собраниски состав е конституиран, конститутивната седница завршена, а Талат Џафери е избран за претседател на Собранието во уште еден мандат. Самиот има посебен стил на работа, а за него вчера гласаа сите 62 пратеници што го предложија - тие од ДУИ и СДСМ.

Џафери сега станува претседател во специфични услови. Пратениците седат одвоено и со маски што според него е дополнителен предизвик да ги научи тие кои се нови. Ги замоли да се претставуваат, барем на почетокот.

Талат Џафери е еден од најпознатите политичари во земјава од албанскиот политички блок. Првиот пат неговиот избор беше причина за кризата која ескалираше со упад во Собраниската зграда. Никој нема да го заборави тој 27 април 2017 година и моментите кога Џафери беше прогласен за собраниски претседател. 

Пратеници снимаа со телефони, а тие од ВМРО ДПМНЕ реагираа бурно и тврдеа декаизборот е нелегитимен. Потоа толпата велзе во зградата. Тој беше првиот Албанец спикер во Парламентот.

Талат Џафери има завршено Воена академија. За време на воениот конфликт во Македонија бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. По маскарот кај Вејце дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“.


Можеби ќе ве интересира

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда