Со железничка пруга ќе се поврзат Кичево и албанскиот град Лин
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2016
Железничка пруга ќе се гради и кон Албанија, од Кичево до албанскиот град Лин, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.
Пругата ќе биде долга 63 км, а овој проект ќе чини 10 милиони евра. Проектирањето треба да заврши за најмногу две години. Надлежните се надеваат дека пари за овој значаен регионален проект ќе се обезбедат од ИПА фондовите.
Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија треба да заврши најдоцна до 2020 година.