18 Мај, 2024
0.0282

Со Триглав Осигурување обезбедете целосно осигурување за Вашето возило

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Одберете ја осигурителната компанија и осигурувањето на автомобили коишто ви обезбедуваат најдобра покриеност и коишто најдобро ќе ве заштитат вас, вашето возило и вашите патници.

Mинатата недела бевме сведоци на силно невреме, проследено со обилни врнежи и град, кое што го зафати регионот на Скопје. Како резултат на градот беа предизвикани посериозни материјални штети, во најголем дел на возила.

Триглав Осигурување, имајќи ја во предвид масовноста на предизвиканите штети на моторни возила, за прв пат на нашиот пазар, преку своите високо професионални  соработници обезбеди за своите клиенти, сопственици на каско осигурување,можност за ефикасно санирање на настанатите штети на возилата, поточно нуди алтернативна можност за квалитетна поправка на возилата оштетени од град со примена на нова, иновативна технологија PDR - paintless dent removal, или отстранување на вдлабнатини без употреба на боја.Со користење на технологијата PDRможат да се поправаат голем број оштетувања, сѐ додека површината на бојата е недопрена. Најчестата практична примена за PDR е поправка на оштетувања предизвикани од град, како и исправање на врати, вдлабнатини и оштетувања на каросеријата. PDR може да се користи на алуминиумски и на челични панели.

Оваа алтернатива ќе можат да ја одберат корисниците на каско осигурување на возила на Триглав Осигурување, производ со висок квалитет, којшто за сите видови моторни возилаобезбедува целосно осигурување, без оглед на причинителот на штетата, вклучувајќи гокако основен ризик, меѓу останатите, и градот.

Високиот квалитет на услугите, како и нудењето на додадена вредност за клиентите се во фокусот на работење на Триглав Осигурување, затоа што сме уверени дека тоа е единствениот начин за обезбедување на задоволството и лојалноста на клиентите.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата