16 Мај, 2024
0.0257

Со рецепт до марихуана во аптека, Чешка ќе почне со локално производство

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Чешкиот Сенат денеска го одобри предлог законот со кој се легализира употребата на марихуаната за медицински цели. Како што јави агенцијата БТА, предлог законот беше поддржан од 67 пратеници од вкупно 81 член на Сенатот. Против беа двајца сенатори.

Законот предвидува првично во Чешка да се увезува канабис, одгледан во Холандија и Израел, а потоа да се премине на локално производство. Компаниите кои ќе одгледуваат канабис во Чешка, ќе треба да обезбедат државна лиценца за работа. Одгледувањето на марихуана во домашни услови без лиценца ќе остане противзаконско.

Марихуаната ќе се продава во чешките аптеки само со електронски рецепти, издадени од лекар.