16 Мај, 2024
0.0299

Со примена на енергетската ефикасност во домовите до намалени трошоци и поквалитетен живот

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Најновите иновативни техники и методи за примена на енергетска ефикасност во домовите се фокусот на работилницата за претставниците на медиумите што се одржува во рамки на Платформата за енергетска ефикасност. Целта на работилницата е поголема едукација на јавноста за потенцијалите од примена на енергетската ефикасност и придобивките за подобрување на квалитетот на живот.

Работилницата за енергетска ефикасност во домовите е дел од Платформата за енергетска ефикасност која ја организираат ЕВН Македонија, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.

„Промена на нашите секојдневни навики е всушност прв, но најзначаен чекор кон примена на енергетската ефикасност. Токму затоа, нашите активности во рамките на оваа Платформа се фокусирани на заштеда на енергија преку активности кои зависат во голема мера од нас. Енергетската наука посветува големо внимание на ова прашање, па активностите на овој план и во Македонија се клучни за обезбедување енергетска стабилност“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

evn rabotilnica mart2016

За новите трендови во енергетската ефикасност и нејзината примена во секојдневниот живот, на работилницата ќе зборуваат експерти од различни области. Меѓу другите значењето на оваа област за енергетската иднина на земјата го потенцираше министерот за економија на Р. Македонија.

Енергетските контроли во домовите и нивната категоризација како еден од важните чекори за поголема застапеност на енергетската ефикасност е една од темите на работилницата.

„Енергетските контроли во реалноста ќе значат конкретен исчекор на полето на енергетската ефикасност. Нивната работа ќе донесе нови значајни аспекти и поголема примена на енергетската ефикасност особено во сегментот на домувањето каде има најголема потреба од едукација и создавање на можности за подобрување на состојбите на овој план“, истакна Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на Р. Македонија.

Во насока на пошироко презентирање на можностите за примена на енергетската ефикасност, во рамките на работилницата опфатени се теми од областа на енергетска ефикасност во градбата, презентација на пасивна куќа и начини за финансирање на проекти за зголемување на енергетската ефикасност во домовите.

Платформата за енергетска ефикасност, ЕВН Македонија со своите партнери ја започна во 2012 година, а во нејзини рамки се одржаа низа едукативни активности за граѓаните, компаниите и за студентите. Платформата доби национална награда за општествена одговорност и позитивно беше оценета во Извештајот на Европската Комисија за Македонија. Едукативниот серијал „Енергетска математика“,  кој е фокусиран на примена на енергетската ефикасност во домовите и заштедите што ги нуди е исто така дел од ова платформа.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!